Во врска со И.С.(39) од Скопје, извршени се проверки во евиденциите во СВР Велес во врска со кривично – правни настани пријавени од 31-годишната Р.К. од Велес, при што евидентирано е следното:
-На 26.01.2025 во 23:30 часот во СВР Велес, Р.К.(31) пријавила поплака против И.С.(39) од Скопје дека на улица „Христо Татарчев“ во Велес ја вознемирувал додека шетала куче. За наведеното И.С. е предупреден.
-На 21.02.2025 во 01:40 часот во СВР Велес пријавила дека во периодот од 22:10 до 23:00 часот на 20.02.2025 во двор на основно училиште во Велес била физички нападната од И.С. од Скопје, со кого претходно била во врска.
На 04.ОЗ.2025 во 00:25 чaсот во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес го лишиле од слобода И.С.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во ходник од станбена зграда на улица „Христо Татарчев“ во Велес, физички го нападнал И.М.(35) од Велес, додека бил со неговата пријателка Р.К.(31) од Велес. И.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и поднесен е соодветен поднесок.
За претходно наведените настани, а по барање на ОЈО Велес, во врска со пријавени настани од Р.К. против И.С. за временскиот период од 27.12.2024 до 01.03.2025, до ОЈО Велес доставени се примероци од сите службени материјали.
На 18.05.2025 во 14:30 часот во СВР Велес пријавила дека на неколку локации во Велес, И.С.(39) од Скопје испишал графити со навредливи и заканувачки содржини во кои директно е наведено нејзиното име и презиме и нејзиниот полубрат, како и во повеќе наврати пишувал пораки на нејзиниот татко и на нејзина пријателка преку социјални мрежи, со навредлива содржина упатени кон неа и побарала И.С. да се предупреди. До СВР Скопје е испратен службен материјал, по однос на пријавата, каде бил извршен службен разговор со И.С. кој ја негирал поврзаноста со наведениот настан, за што бил изготвен и службен материјал.
-На 18.05.2025 во 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на паркинг простор на улица „Петре Прличко“ во Велес настанал пожар во патничко возило „мицубиши“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на К.К.(74) од Велес. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Увид на местото изврши увидна екипа од СВР Велес. По преземени мерки е утврдено и пријавено од 31-годишната Р.К.од Велес дека во периодот од 22:00 часот на 17.05.2025 до околу 05:30 часот на 18.05.2025 возилото било одземено од пред домот на нејзиниот татко. Се работи на расчистување на случајот.
На 19.06.2025 во 14:30 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес, со која е извршен службен разговор во врска со пријава од вработена во продажен објект во Велес, дека пронашла УСБ залепено на влезна врата од објектот, на кое имало слики и видео записи со експлицитна содржина од нејзе и И.С.(39) од Скопје.
-На 07.07.2025 во 13:00 часот во СВР Велес била повикана Р.К.(31) од Велес, по издадена наредба од ОЈО, каде таа пријавила дека И.С.(39) од Скопје не ја почитувал мерката забрана за приближување, за во СВР Велес да приложи доказен материјал во однос на пријавата и од страна на СВР Велес материјалот е доставен во ОЈО.
Од извршените проверки, евидентирана е и кривична пријава поднесена од СВР Скопје против И.С. за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“ предвидено по член 130 став 2 од КЗ за настан случен на 27.12.2024.
Исто така, извршени се и проверки во евиденциите во СВР Велес во врска со пријави од И.С. против Р.К., при што евидентирано е следното:
На 09.02.2025 во 19:20 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.
-На 22.05.2025 во 14:30 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје, пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.
-На 05.06.2025 во 17:00 часот во СВР Велес е повикана Р.К.(31) од Велес во врска со претходно пријавена поплака против нејзе од И.С.(39) од Скопје, пријавена во Скопје и изготвен е службен материјал.
Никој не ја слушна – Росица беше убиена пред очите на системот












