Малите бизниси сочинуваат дури 99 проценти од вкупната економија на ЕУ, според податоците на Евростат.

Зборуваме за микро и мали претпријатија со помалку од 50 вработени, а нивните сопственици се исто така највредни, во просек работат најмалку 41 час неделно, додека вработените во ЕУ работат во просек 36 часа.

Ново истражување на финтек компанијата SumUp, спроведено меѓу речиси 4.000 мали претприемачи во Ирска, Италија, Велика Британија, Германија и Франција, покажа големи разлики во навиките во текот на работниот ден.

Италијанците и Французите не го прескокнуваат ручекот – само 11 проценти од Италијанците и 17 проценти од Французите го прават тоа, додека во Велика Британија дури 43 проценти од малите претприемачи велат дека често прескокнуваат пауза за оброк.

Италијанците се исто така шампиони во долгите паузи: една третина од нив признаваат дека ручаат повеќе од еден час.

Кога станува збор за слободно време, Британците претпочитаат да го поминуваат со своето семејство, додека Германците и Французите се посклони да се грижат за себе и да го пронајдат својот баланс.

Италијанците се предводници во грижата за себе – повеќе од 52 проценти од нив наведуваат дека грижата за себе им е приоритет. Податоците на Евростат, исто така, покажуваат каде се работи најмногу – Белгијците се на врвот на листата со 48,9 часа работа неделно, по нив следуваат Кипарците и Грците, додека балтичките земји се на дното, со просек под 40 часа.

Кога станува збор за одмор, Британците се обично оние кои земаат помалку од една недела годишно, а истражувањето откри и родов јаз: во Италија и Ирска, жените претприемачи жртвуваат одмор за работа почесто од мажите.

ИЗДВОЕНИ