По пожарот кој се случи во дискотеката “Пулс” во Кочани кој однесе многу млади човечки животи, но остави и многу млади со трајни последици, граѓанската иницијатива Support Kocani објави вознемирувачки фотографии од тешките изгореници кај младите повредени во пожарот во таканаречената дискотека „Пулс“.

Од SupportKоcani истакнуваат дека ова е вистината на повредените во пожарот во  „Пулс“.

На фотографиите се прикажани изгореници на лице и екстремитети, со цел – како што велат од иницијативата – „надлежните конечно да сфатат колку се сериозни последиците од оваа трагедија“. Повеќе од 50 деца моментално и после 2 месеци од настанот имаат вакви или слични повреди на главата и лицето.

Support Kocani останува активен глас на јавноста во барањето институционална одговорност и конкретна поддршка за жртвите.

Од иницијативата претходно упатија и критики за несоодветните услови за лекување во Кочанската болница, предупредувајќи дека жртвите не смеат да бидат оставени сами да се справуваат со последиците од трагедијата.

Од таму го нагласија и тоа колку е скап процесот на рехабилитација за преживеаните.

Според нив, едно парче компресивна облека, неопходна за третман на изгореници и минимизирање на лузни, чини од 100 до 1.200 евра, а некои деца ќе имаат потреба од пет до шест парчиња.

ИЗДВОЕНИ