Образовните системи низ целиот свет значително се разликуваат, а нова студија откри кои земји можат да се пофалат со титулата „најпаметни“.
Анализата зеде предвид голем број фактори, вклучувајќи го бројот на номинации за Нобелова награда, просечниот коефициент на интелигенција (IQ) и процентот на населението со високо образование, а Швајцарија се најде на врвот, пишува Дејли Мејл.
Најпаметните земји во светот: Швајцарија, Обединето Кралство, Соединети Американски Држави, Холандија, Белгија, Шведска, Германија, Полска, Данска,
Финска.
Европските земји на врвот
Оваа планинска европска земја ја надмина конкуренцијата со импресивен резултат од 92,02 од 100. Швајцарија има дури 1.099 номинации за Нобелова награда, а просечниот коефициент на интелигенција на нејзините жители е 99,24. Дополнително, се гордее со најголем удел на возрасни лица со диплома – 40,02 проценти, додека 18,05 проценти имаат и магистерска диплома.












