Поранешниот НБА-играч, Кевин Гарнет, објасни зошто верува дека Стеф Кари е најдобриот кошаркар во сегашната ера на најсилната лига во светот.

Членот на Куќата на славните и шампион на НБА со Бостон постојано го става Кари на кошаркарскиот пиедестал во оваа ера, иако бројни други асови оттогаш се во преден план. Сепак, за Гарнет, Кари е број еден.

  • Го кажав тоа безброј пати, мислам дека живееме во ера на Кари. Тој е најголемиот играч на оваа ера. Кога зборуваме за шутовите од далечина и за тројките, тој е месијата, знаете, и така јас гледам на тоа – рече Гарнет во поткастот „Ticket & The Truth“.

Покрај титулите што ги има со Голден стејт (четири) и наградите за МВП (две), Кари е и најдобриот „тројкаш“ во историјата на лигата со 4.161 постигнати тројки. Далеку зад нив се Џејмс Харден (3.271) и Реј Ален (2.973).

Дури и на 37 години, Кари игра на високо ниво – на 21 натпревар оваа сезона има просек од 26,7 поени, 4,2 скока и 4,3 асистенции.

ИЗДВОЕНИ