Љубителите на скијањето пред половина година беа потресени од една сцена од Бормио, Италија, каде што Французинот Сиприен Саразен, еден од најдобрите скијачи по спуст на денешницата, доживеа тежок пад. Тој во тешка состојба беше итно префрлен во болница со хеликоптер, имаше крварење во мозокот, повреди на стапалото, како и скршена нога.

Лекарите веднаш го ставија во кома одреден период, а сега, девет месеци по ужасниот пад, полека се враќа во нормален живот. Скијачкиот ас се разбуди од кома и полека се враќа на нежен процес на тренирање. Она што е најважно во неговите изјави за медиумите е тоа што призна дека водел нормален живот откако се разбудил од кома, иако не го очекувал тоа.

  • Водам нормален живот, што е чудо. Моите очи се добро веќе некое време, се случи сосема природно да ми се замати видот, но сега е добро, како што беше предвидено. Полека почнувам да тренирам. Постојано го зголемувам интензитетот. Чекор по чекор. Колената ми се во ред, и сè е во ред невролошки, изјави Саразен за француските медиуми.

Д-р Стефан Буле, кој го следеше закрепнувањето на Сиприен, исто така даде изјава.

  • Кога ќе се разбудите од оваа кома, сте многу исцрпени. И многу е тешко да се води нормален живот, да се има нормален тек на говорот, но тој успеа да го надмине сето тоа и е на вистинскиот пат, вели Буле.

Следната сезона 2025/2026 е исто така и олимписка сезона, а Саразин веројатно нема да биде подготвен за предизвиците во Кортина и Милано.

Ако сè оди добро во текот на следните три до четири месеци преку лесни тренинзи за сила и кондиција, Саразин би можел полека да се врати на снегот на почетокот на 2026 година. Тиресетгодишникот веројатно ќе ја донесе својата одлука за продолжување на кариерата следната година, и ако сè оди добро, можеме да го очекуваме на патеките во сезоната 2026/2027.

ИЗДВОЕНИ