Папата Лав XIV денес го критикуваше „несреќниот“ изглед на националистичките политички движења, без да именува ниту една конкретна земја или национален лидер.
Лав првиот папа од Соединетите Американски Држави, се помоли на денешната миса пред десетици илјади верници на плоштадот „Свети Петар“ Бог да „отвори граници, да урне ѕидови и да ја избрка омразата“, објавува Ројтерс.
„Нема простор за предрасуди, за „безбедносни“ зони што нè одделуваат од нашите соседи, за исклучив начин на размислување што, за жал, сега го гледаме како се појавува во форма на политички национализми“, рече врховниот поглавар на Римокатоличката црква.
Лав XIV , поранешниот кардинал Роберт Превост, беше избран на 8 мај за наследник на папата Франциско на чело на Католичката црква со 1,4 милијарди верници.
Пред да стане папа, Превост не се воздржа да го критикува американскиот претседател Доналд Трамп, споделувајќи бројни објави во кои изразува несогласување со Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс на Х во последниве години.
Ватикан се уште не потврдил дека тој е сопственик на профилот @drprevost на X, кој беше деактивиран по изборот на Лaв XIV.