Отворени улици, улици за луѓе

29

Скопските велосипедисти сметаат дека доколку Град Скопје има визија за зелена мобилност и живи јавни простори, тогаш треба, барем еден викенд во месецот, дел од улиците во Скопје во различни општини да бидат улици за луѓе наместо за автомобили. Односно да се затворат повеќе улици за автомобилски сообраќај, а да се отворат за пешачење, возење велосипед, рекреација, социјализација, детска игра и за маалски живот.

– На овој начин, многу градови во светот им ги зголемуваат просторите за рекреација на граѓаните и им доловуваат сосема поинаква перспектива на градските улици. „Улици без автомобили“, „Отворени улици“, „Живи улици“, „Улици за луѓе“, „Улици за игра“, „Улици за рекреација“, „Ciclovia“, „Recreovia“, „Самр стритс“, „Oпен стритс“, „Фри стритс“, „Париз риспајр“, „Кар фри сандејс“… се само дел од имињата на сличните настани во светот. Скопје може да смисли свое име, своја програма и да стане многу поинтересен и попривлечен град од она што е во моментов – и за жителите и за посетителите – потенцираат од групата скопски велосипедисти „На точак“.

Оттаму додаваат дека Скопје со години се приклучувало кон Европската недела на мобилност, но за моторен сообраќај се затворала само една улица („Димитрие Чуповски“ кај „Рекорд“), достапна за мал број жители.

– Настанот малку се промовираше и крајниот ефект беше само сликање на градоначалникот со група средношколци, без граѓаните да го доживеат денот како прослава на велосипедот или на зелената мобилност – децидни се од „На точак“.  

 (А. П.)

ИЗДВОЕНИ