Отворена веб страница за полесна и побрза донација за повредените кои се лекуваат во странство

110

Неколку млади лица од Кочани на социјалните мрежи најавија нова веб страница преку која полесно и побрзо ќе се врши донација за повредените лица кои се лекуваат во странство.

Оваа страница содржи податоци за индивидуални сметки на децата повредени во трагедијата што го погоди Кочани. Сите податоци се објавени со доброволна согласност од родителите или нивните блиски.

Како што напоменуваат на страницата поради итноста на ситуацијата, ова е привремена страница и во моментот работат на нова верзија.

На веб-страницата редовно ќе се објавува вкупната сума собрана за секое лице поединечно. Ова ќе им овозможи на идните донатори да насочат помош кон оние кои имаат собрано помалку средства.

Во моментов, донациите од странство не се овозможени, но како што пишуваат на активно работат на решение.

Ваквата одлука, како што велат, е откако се појавиле низа апели за помош.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivan Ivanovski (@ivan_ivanovski)

ИЗДВОЕНИ