сабота, февруари 14, 2026
Дома СКОПСКА Отворена првата спортска сала во Пинтија

Отворена првата спортска сала во Пинтија

1331

По децении без соодветни спортски услови, населбата Пинтија за првпат доби затворена спортска сала – современ простор кој ќе овозможи квалитетна настава по физичко образование и подобри услови за спорт и рекреација.

Со површина од 350 квадратни метри, салата ќе им служи на учениците од ПОУ „Рајко Жинзифов“ и на сите млади спортски таленти од оваа населба. Таа го носи името на Александар Стојчев – храбриот бранител од Пинтија кој го даде својот живот за татковината во 2001 година. Од Општина Кисела Вода велат дека на овој начин, неговото име и дело остануваат трајно врежани во колективната меморија на оваа заедница.

– Овој проект е доказ за нашата посветеност на унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри можности за младите. Со отворањето на оваа сала не само што создаваме подобри услови за младите, туку и испраќаме јасна порака – Пинтија се развива како никогаш досега- изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Изградбата на салата е реализирана со поддршка од  „ТИТАН Цементарница  Усје“.

 

 

ИЗДВОЕНИ