XPENG Aridge започна со пробно производство во својата фабрика за летачки автомобили во Гуангжу, отворајќи ја првата линија за масовно производство на летачки автомобили во светот.
Дебитантскиот модел на фабриката – модуларен „Компнетен носач на авиони“, кој комбинира патно возило и одвојлив воздушен модул – успешно го помина своето прво пробно склопување.
Сериското производство и првите испораки се очекува да започнат во 2026 година, дознава „Глобал тајмс“.
- XPENG Aridge планира да започне со масовно производство и испораки на својот летачки автомобил во 2026 година, рече Жанг Сјуехуи, директор за комуникации на брендот. „Фабриката во Гуангжу моментално е во фаза на пробно производство – сè уште не сме започнале со производство во целосен обем, бидејќи пред тоа треба да добиеме сертификати за пловидбеност и дозволи за производство“.
Жанг објасни дека сегашните пробни модели главно се користат за тестирање на летот и верификација на перформансите.
- За разлика од другите брендови кои повеќе се фокусираат на деловни или институционални клиенти, XPENG Aridge е насочен кон индивидуални потрошувачи, рече Жанг.
Компанијата сè уште не одржала официјален настан пред продажба.
- Сè уште сме во раните фази на резервации, со ограничен број места за заинтересираните клиенти. Конечната цена сè уште не е утврдена, но ќе биде под два милиони јуани (околу 281.000 долари), рече Жанг.
Фабриката XPENG Aridge започна со пробно производство на 3 ноември, кога првиот модел излезе од производствената линија. Настанот го означи завршувањето на првата светска масовно производствена линија за летачки автомобили и отворањето на првата фабрика со користење на современ автомобилски систем за склопување за производство на летачки возила на големи размери.











