Отворена новата детска градинка „Пчеличка“

64

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска ја отвори новата детска градинка „Пчеличка“, клон на градинката „Мајски цвет“.

Тој истакна дека објектот располага со 80 легла.

– Со тоа барем малку ќе ја релаксираме потребата на родителите да ги остават своите деца на безбедно место додека се на работа – истакна Коњановски.

Битолскиот градоначалник најави дека во текот на овој месец или на почетокот на наредниот ќе биде отворена уште една градинка, со што,  како што нагласи, ќе се ублажи листата на чекање за прием во градинките.

 

 

ИЗДВОЕНИ