Отворена годишната изложба на студентите од Факултетот за арт и дизајн – „19. приказна на ФАД“/ФОТОГАЛЕРИЈА

522

Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет-Скопје и оваа година, традиционално, ја реализира Годишната изложба на студентите од сите академски години која вечерва, 3 јуни, се отвори  во „Лабораториум“ (во халата на поранешната печатница во објектот на Европски универзитет) со почеток во 20:00 часот.

Изложбата ја отвори деканот на Факултетот за арт и дизајн Благојче Наумоски, по што следеше и мала модна ревија на студентите од моден дизајн.

–  Преку делата на студентите од графички, моден и ентериер дизајн, и овој пат ќе го покажеме процесот на креативен развој и создавање на професионалните профили од областа на дизајнот. Нашите дипломирани и магистрирани студенти, со кои се гордееме, успешно го применуваат стекнатото знаење во различни сфери и со тоа ја зацврстуваат позицијата на дизајнот како важна дисциплина во современиот свет, рече тој.

И оваа година, студентите од првиот и од вториот циклус прикажаа трудови и свежи достигнувања од редовните наставни активности, но и од учествата на конкурсите за дизајн, проектите, изложбите, модните ревии. Тие, преку своите дела, го отсликуваат светот околу себе, испраќаат моќни пораки против неправдите, ја подигаат свеста за одржливоста, екологијата, инклузијата, се борат за уметничка слобода. „Секоја донација е зрак светлина во темнина. За Кочани – со љубов и почит”.

Фото:Ѕ.Плавевски

 

ИЗДВОЕНИ