Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска го отворија новиот базен во ООУ “Невена Георгиева Дуња”
-Овој базен е дел од проектот за изградба на пет базени низ државата, започнат од поранешната Агенција за млади и спорт уште во 2019 година, но оставен заглавен и недовршен. Во интерес на граѓаните и на спортот, како Министерство за спорт, се заложивме да ги доградиме овие базени – брзо, квалитетно и ефикасно.
Само шест месеци откако ја презедовме одговорноста, овој базен е реалност. Современ, функционален и достапен за учениците од училиштето, но и за спортистите и граѓаните на општина Кисела Вода.
Продолжуваме со инвестиции во спортска инфраструктура затоа што без спортски објекти – нема спорт, без современи, достојни услови – нема врвни резултати, кажа Ристовски.