Отворен е изборниот штаб на ЗНАМ – За Наша Македонија за општина Центар/ФОТО

224

Вечерва во Скопје беше отворен изборниот штаб на партијата ЗНАМ – За Наша Македонија за општина Центар.

Кандидатот за градоначалник на Центар од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија е  Мирослав Лабудовиќ, кој на првиот ден од кампањата, ги најави своите програмски цели и приоритети што детално ќе им ги образложи на жителите на Центар и пред јавноста во текот на изборната кампања. Неговата визија е Центар да биде чист, безбеден, зелен со ред во урбанизацијата, пример како треба да се води една општина. Како тим ќе понудат суштински решенија, повика на фер-изборно соочување со неговите опоненти. Нешто, кон што, лично тој ќе се придржува во континуитет.

Носител на листата на кандидати на  ЗНАМ за Советот на општина Центар е  Крумислав Мишко Барзов, магистер спортски менаџмент, член на европското жири за Автомобил на годината, носител на многу медиумски признанија. Тој е автор на Авто Магазин, емисија посветена на автомобилизмот, безбедноста на сообраќајот, што се емитува во македонскиот етер од 1996 година.

Фото:Ѕ.Плавевски

ИЗДВОЕНИ