Отворен е Големиот египетски музеј: Целата гробница на Тутанкамон изложена за прв пат по откривањето

608

Големиот египетски музеј (GEM) во Каиро беше отворен во близина на пирамидите во Гиза во саботата вечерта, на 1 ноември, со спектакуларна церемонија и музички настап.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, придружуван од неговата сопруга Ентесар ел-Сиси, ги пречека гостите пред музејот, а на отворањето на најновиот и најамбициозен културен споменик на Египет присуствуваа 79 официјални делегации од странство, вклучувајќи 39 делегации предводени од кралеви, принцови, претседатели и шефови на влади, како и културни личности од целиот свет.

Ел-Сиси на отворањето рече дека музејот е отворен „тука, каде што цивилизацијата ги направи своите први чекори и светот беше сведок на раѓањето на уметноста, мислата и верата“.

„Древниот Египет ги инспирирал сите народи на Земјата, а од бреговите на Нил, светлата на мудроста светкале за да го осветлат патот на цивилизацијата и човечкиот напредок, потврдувајќи дека спомениците на цивилизацијата се градат во време на мир и се шират преку духот на соработка меѓу народите. Денес, додека го славиме отворањето на Големиот египетски музеј, пишуваме ново поглавје во сегашната и идната историја“, рече Ел Сиси.

Тој нагласи дека ГЕМ е „најголемиот музеј во светот посветен на една цивилизација – цивилизацијата на Египет, чија брилијантност никогаш нема да избледи“, пренесува Танјуг.

Големиот египетски музеј се наоѓа на само два километри од пирамидите во Гиза и е дизајниран да биде најголемиот музеј во светот посветен на една цивилизација.

 

ИЗДВОЕНИ