Отворен Динопарк во Штип

39

Сместен во Бриони, во непосредна близина на ЗОО, овој тематски парк нуди уникатно доживување на праисторискиот свет. Новата атракција е наменета за сите генерации, од најмладите кои со восхит ќе ги откриваат диносаурусите, па сè до возрасните кои со задоволство ќе уживаат во ова несекојдневно искуство

Во Штип, вчеравечер, беше свечено отворен новиот Динопарк, кој веднаш стана омилено место за децата и за љубопитните истражувачи. Сместен во Бриони, во непосредна близина на ЗОО, овој тематски парк нуди уникатно доживување на праисторискиот свет.

Новата атракција е наменета за сите генерации, од најмладите, кои со восхит ќе ги откриваат диносаурусите, па сè до возрасните кои со задоволство ќе уживаат во ова несекојдневно искуство.

-Т-рекс, брахиосаурус, стегосаурус, птеранодонот и уште многу други впечатливи фигури ги пречекуваат посетителите со својата големина и со реалистични звуци, создавајќи незаборавен амбиент за сите што сакаат авантура и нови доживувања – соопштија од Општина Штип.

Оттаму додаваат дека со отворањето на Динопаркот, Општина Штип ја збогатува понудата на содржини кои ги поврзуваат едукацијата, забавата и рекреацијата, поттикнувајќи љубопитност, имагинација и заедничко уживање на сите возрасти.

–Динопаркот е место каде љубопитноста оживува, а секој посетител си заминува со насмевка и со ново откритие – наведуваат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ