недела, јули 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Отворањето на ЕУ фондовите потврда за европската насока на Владата

Отворањето на ЕУ фондовите потврда за европската насока на Владата

46

Отворањето на средствата од Реформската агенда за Македонија претставува јасна потврда за европската ориентација на Владата, порачаа денеска од Владата, нагласувајќи дека евроинтеграциите остануваат стратешка цел на државата.

Според нив, одлуките на Европската Унија, меѓу кои и укинувањето на оценската мисија, како и отворањето на фондовите од Реформската агенда, се доказ дека земјата се движи во вистинска насока.

-Ние сме за Европската Унија и тоа не го покажуваме само декларативно, туку и преку конкретни политики и реформи. Не треба да се трошат време и пари на граѓаните – велат од Владата.

Во соопштението се упатуваат и критики кон СДСМ, при што се посочува дека граѓаните веќе имале можност да видат како изгледа залагањето за референдум без јасни гаранции за европската иднина на државата, алудирајќи на референдумот од 2019 година.

-Тие и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет – наведуваат од Владата.

ИЗДВОЕНИ