И овој викенд, хигиеничарите на Општина Центар беа на терен.
Од Општина Центар информираат дека се чистеле диви депонии во Маџир Маало, Пролет и на Водно, се миеле улиците и се средувале јавните површини.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати голема благодарност до вредните луѓе за нивниот труд и за нивната посветеност.












