По ненадејната посета на Џон Ратклиф на Москва, знамето беше симнато од американската амбасада таму. Меѓу другото, во дипломатската пракса, ова би можело да значи заладување на односите меѓу САД и Русија.
Откако директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, оствари тајна и ненадејна посета на Москва, знамето беше симнато од американската амбасада таму. Посетата на Ратклиф доаѓа во време кога односите меѓу САД и Русија се заладија, поради што овој потег предизвика многу шпекулации, пишува „Тајмс оф Индија“.
Во зависност од контекстот, отстранувањето на американското знаме од амбасадата може да биде израз на политички протест, непријателство или инцидент, заштита од вандализам или провокација, како и официјален знак на незадоволство, влошување или дури и прекин на односите, а можно е тоа да се прави од безбедносни, административни и технички причини.
Сепак, ниту Стејт департментот на САД, ниту амбасадата на САД не потврдија никаква вонредна состојба или која било друга причина за отстранување на знамето.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за ТАСС изјави дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за сè, но дека не се сретнал со Ратклиф. Тој додаде дека контактот меѓу двете страни бил остварен исклучиво преку разузнавачки структури, што е потврда дека Американците разговарале со шефот на руските разузнавачки служби, Сергеј Наришкин.
Песков не сакаше да коментира дали посетата на шефот на ЦИА на Москва ќе влијае на односите меѓу двете земји, односно на продолжувањето на мировните преговори во Украина. Имено, специјалните претставници на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, требаше да ја посетат Украина оваа недела, но таа посета беше одложена, пишува „Киев Индепендент“.
Yesterday, after the CIA director left the U.S. Embassy in Moscow, all U.S. flags were taken down. pic.twitter.com/7np9mKPkfd
— WarTranslated (@wartranslated) August 26, 2026











