петок, февруари 20, 2026
Дома СКОПСКА Отстранети 70 кубни метри отпад од диви депонии

Отстранети 70 кубни метри отпад од диви депонии

73

Eкипите на ЈП Комунална Xигиена во текот на изминатиот викенд подигнале и транспортираа приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Центар.

-Во општината Чаир повторно се реализирани активности на булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска улица) каде што на аголот со улицата „Максут Садик“ се подигнати 25 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад одложени на јавна површина, во непосредна близина на детското игралиште. Во оваа скопска општина е интервенирано и на две локации на улицата „Џон Кенеди“, каде што се расчистени 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален и градежен отпад.

Во текот на викендот, екипите на ЈП Комунална Хигиена подигнале и приближно 25 кубни метри мешан комунален и отпад од картонски пакувања одложени на тревна површина долж улицата „Тодор Александров“, на потегот што води кон Средно Водно.

ИЗДВОЕНИ