сабота, јануари 17, 2026
Дома СКОПСКА Отстранети 40 м3 отпад од диви депонии во Чаир

Отстранети 40 м3 отпад од диви депонии во Чаир

75

Екипите на ЈП Комунална хигиена, во изминатото деноноќие отстраниле повеќе диви депонии лоцирани во општина Чаир.

– Интервенирано е на улицата „Џон Кенеди“, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, на булеварот „Крсте Мисирков“, како и на неколку локации во населбата Серава – соопштија од претпријатието.

Оттаму додаваат дека во рамките на активностите биле подигнати вкупно 40 кубни метри мешан комунален и кабаст отпад, одложен на јавни и сообраќајни површини.

 

ИЗДВОЕНИ