среда, јануари 21, 2026
Дома СКОПСКА Отстранета дивоградба во Визбегово

Отстранета дивоградба во Визбегово

1205

Во координирана акција со Министерството за внатрешни работи,  Општина Бутел, во раните утрински часови, отстрани бесправно изграден објект во Визбегово и оневозможи узурпација на државно земјиште.

Од Општината велат дека ќе следуваат соодветни пријави.

– Законите ќе важат за сите подеднакво, без отстапки. Се работи во интерес на нашите сограѓани, постапуваме и сме на страна на чесните луѓе. Во Општина Бутел нема место за бесправно изградени објекти и за узурпација на државно земјиште. Мора сите граѓани да бидат исти и еднакви – децидни се од Општина Бутел.

 

ИЗДВОЕНИ