Македонка била касната од риба “драгон“ (или змеј) на плажа во Грција. Таа на социјалните мрежи го опиша пеколот низ кој поминала откако наишла на овој опасен вид риба. Инцидентот се случил во местото Неа Каликратија на грчкиот брег.

Како што напиша таа на Фејсбук, по убодот имала ужасни болки и дека отровот многу брзо се проширил по целата нога.

„Предупредување за отровната риба Драгон. Пред пет дена ме каснала оваа отровна риба во На Каликратија, во плитките води, на само три метри од влезот во водата. „Изгледа страшно! Целата нога ми беше отечена, и имав ужасни болки. Отровот брзо се прошири низ целата нога. Ми рекоа веднаш да одам во болница и ја ставија ногата во топла, врела вода. Така го извлекоа отровот и после тоа се чувствував подобро. Ги предупредувам сите да бидат внимателни, особено малите деца. „Носете гумени сандали“, напиша таа.

Туристите во Грција во последниве години заборавија на ајкулите и медузите, а сега се фокусираат на рибата Драгон, која Грците ја нарекуваат „дракена“, а на англиски ќе ја најдете под името „weeverfish“, а е позната и како морски пајак. Очигледно, овие риби се почесто ги има во грчките морски води, и тоа главно во плиткиот дел.

Тоа е мала риба, долга само околу 10 см, која има остри црни боцки на првата грбна перка. Не напаѓа, но ако ја загрозите, а камоли да стапнете на неа – ќе ве касне и ќе ви испушти отров во телото преку боцките.

Ова се случува доста често бидејќи е практично невидлива – се крие во песокот и е со слична боја, така што тешко е да се забележи.

ИЗДВОЕНИ