Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ на неговиот фејсбук-профил објави видео од канцеларија во министерството со кое раководи, а во која, како што вели, работеле отпуштените службеници од Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Оваа објава на Стоилковиќ следи откако опозициската ДУИ обвини за дискриминација во Министерството за односи меѓу заедниците, бидејќи во средата од оваа институција се отпуштени седуммина Албанци.
„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, напиша во описот на видеото министерот.












