Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, а просечната цена изнесува 419,15 денари за килограм, соопшти министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.
Тој заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и со претседателот на Сојузот посети неколку откупни пунктови со цел да се изврши увид во завршната фаза од откупот на тутунот.
Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6 % веќе им се исплатени на тутунопроизводителите што го имаат предадено својот род.
– Останува уште мала количина тутун, која, согласно со предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на февруари – рече Трипуновски.












