Виктор Осимен ќе продолжи да го предводи нападот на Галатасарај и следната сезона. Затоа навивачите на овој клуб беа воодушевени и му приредија незаборавно добредојде на Нигериецот. Галатасарај успеа да го откупи договорот на Осимен од Наполи за 75 милиони евра, што е можеби најскапиот трансфер во историјата на турскиот фудбал. Осимен беше пречекан од околу 20.000 навивачи.
- Дома сум, таму каде што сакам да бидам, изјави Нигериецот по пристигнувањето во Истанбул.
Стрелецот на 37 гола на 41 натпревар заработува плата од 18.000.000 евра, а уште 10.000.000 евра би можел да собере од договори за рекламирање и спонзорство.