Откриено за што зборувале Трамп и Зеленски во Ватикан: За 15 минути си поставија барања еден на друг

560

Фотографијата од средбата на американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски пред почетокот на погребот на папата Франциск во Ватикан го обиколи светот, а сега се познати деталите од разговорот.

Како што пренесува „Аксиос“, разговорот траел околу 15 минути а главна и единствена тема дефинитивно биле преговорите за завршување на војната во Украина.

„Според неименуван извор, Зеленски за време на средбата повторил дека не го признава Крим како руски, а Трамп јасно ставил до знаење дека тоа не го бара од него. Планот е тоа да го направат САД, а не Украина. Тоа беше одлична средба и Зеленски не сакаше да ризикува“, вели добро информиран извор на американскиот портал.

Ова беше прва средба меѓу двајцата лидери по жестоката расправија во Белата куќа на 28 февруари. Тогаш Зеленски беше исфрлен од Овалната соба, а американскиот претседател сега ја искористи оваа кратка средба за да продолжи да врши притисок врз Зеленски да го потпише договорот за ретки минерали со Украина што е можно поскоро.

Зеленски му рекол на Трамп дека не се плаши да направи одредени отстапки за да се стави крај на конфликтот, но за тоа му се потребни цврсти гаранции. Тој, исто така, го повика Трамп да заземе „построг“ став кон рускиот претседател Владимир Путин и да го покрене прашањето за воспоставување прекин на огнот.

ИЗДВОЕНИ