Сите на Отвореното првенство на САД зборуваат за фризурата на Карлос Алкарас, иако сè се случи случајно. Шпанецот очигледно не сакал да привлече толку внимание, а главниот виновник бил неговиот брат Алваро.
„Косата ми беше подолга. Пред турнирот реков дека сакам да ја потстрижам. Одеднаш брат ми направи грешка со тримерот. Ми ја потстрижа, па единствениот начин да ја поправи беше да ја избричи целата. Искрено, не е многу добро, но не е ни толку лошо, претпоставувам“, рече Алкарас.
Во Париз, на пример, фризерот Виктор беше со Алкарас.
„Њујорк е предалеку за Виктор. Навистина не ме интересира многу косата. Јас сум во фазон „добро, косата расте“ и за неколку дена ќе биде во ред. Се случи и тоа е тоа“, вели Карлос.
Коментарот на Франсис Тијафо беше интересен, дека фризурата на Алкарас е ужасна, на што Шпанецот одговори: „Лаже, знам дека лаже. Знам дека му се допаѓа. Ми кажа“