Откриено е зошто илјадници патници беа итно евакуирани од аеродромот во Даблин: „Целата ситуација се сфаќа многу сериозно“/ВИДЕО

48

Терминалот 2 на аеродромот во Даблин во Ирска доби зелено светло откако беше евакуиран порано денес поради висок безбедносен ризик. Илјадници патници беа принудени да ја напуштат зградата со своите куфери и да чекаат инструкции додека полицијата ја претресуваше зградата.

Иако никој официјално не беше уапсен, полицајците испрашаа еден патник, објавува Irish Independent.

Алармот беше кренат откако беше пронајдена сомнителна торба на летот на патник за САД.

– Целата ситуација се сфаќа многу сериозно и ќе има големи нарушувања во работењето на аеродромот во текот на целиот ден – изјави еден од изворите на ирските медиуми.

Високи безбедносни извори изјавија дека патникот летал од Лондон, поточно од аеродромот „Хитору“ до аеродромот „ЏФК“ во Њујорк, со трансфер на аеродромот во Даблин.

„Порано попладнево одговоривме на пријава за предмет во багажот на авионот што предизвика загриженост на аеродромот во Даблин“, се вели во соопштението на ирската полиција.

Аеродромот беше итно евакуиран, дури и на автомобилите не им беше дозволено да поминат.

Терминалот 2 беше евакуиран, а сообраќајот беше прекинат во близина на аеродромот. Исто така, беше повикан и тимот за отстранување на експлозивни направи (EOD) на вооружените сили.

По проверката на лице место, багажот беше обезбеден и беше кажано дека може безбедно да се отстрани од Терминалот 2 на друга локација, за да не се влијае на работењето на аеродромот. Аеродромот во Даблин и околните пристапни патишта се повторно отворени за нормално работење.

Потоа багажот беше дополнително проверен од воениот тим за EOD и беше објавено дека нема закана. Полицијата ќе продолжи со истрагата, според ирскиот весник.

Исто така, имаше сомневања дека инцидентот може да биде поврзан со сајбер нападот што денес ги погоди аеродромите низ Европа, но засега нема официјални информации за ова.

ИЗДВОЕНИ