Откриено е што има во пораката на првата дама на САД, Меланија Трамп, предадена во писмо до Путин

47

Првата дама на САД, Меланија Трамп, во писмо кое наводно му го предала на рускиот лидер Владимир Путин преку нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп, го повика рускиот претседател да ги заштити децата, објави Фокс њуз, повикувајќи се на документот.

„Со заштита на невиноста на овие деца, ќе направите повеќе отколку само да ѝ служите на Русија – ќе ѝ служите на самото човештво. Таквата смела идеја ги надминува човечките разлики, а вие, господине Путин, можете да ја постигнете оваа мисија со еден потег на пенкалото денес. Дојде времето“, се наведува во писмото.

„Ројтерс“ претходно објави, повикувајќи се на претставници на Белата куќа, дека Трамп лично му го предал писмото на Путин за време на самитот во воената база Елмендорф-Ричардсон во Анкориџ, Алјаска. Според нив, писмото се однесува и на наводните киднапирања на деца за време на украинскиот конфликт.

 

Сепак, верзијата на писмото објавена од „Фокс њуз“ не го споменува украинскиот конфликт.

„Како лидери, ние сме должни да ги поддржуваме нашите деца, а ова оди подалеку од удобноста на неколкумина. Нема сомнение дека мора да се стремиме да создадеме свет исполнет со достоинство за сите, за секоја душа да може да се разбуди во мир и за самата иднина да биде сигурно заштитена“, се наведува во вториот дел од писмото.

Инаку, украинската страна неодамна ѝ предаде на Москва список од 339 деца за кои тврди дека биле однесени во Русија.

По преговорите во Истанбул, рускиот претседателски помошник Владимир Медински изјави дека голем број од наведените деца никогаш не биле во Русија, додека некои од имињата на списокот им припаѓаат на возрасни. Како што додаде, одреден број деца веќе се вратени во Украина, а овој процес продолжува.

ИЗДВОЕНИ