Откриени плановите: Израел го планирал нападот на Катар со месеци

176
Фото:принтскрин, Х

Израел со месеци планирал напад врз лидерите на палестинската милитантна група Хамас во Катар, објави во вторникот израелскиот Канал 12.

Израелската војска наводно ги засилила подготовките за нападот врз Катар во изминатиот месец, а претходниот датум за операцијата е одложен од неодредени причини, објави „Тајмс оф Израел“.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно соопшти дека тој ја наредил операцијата по терористичкиот напад во Ерусалим во понеделник, за кој одговорноста ја презеде Хамас.

Според арапските медиуми, пет лица се убиени во денешниот напад врз Катар, сите членови на Хамас, но не и членови на раководството на таа група.

ИЗДВОЕНИ