Откриени над 30 килограми марихуана, предложен притвор за еден осомничен

39

На магистралниот пат А3 Битола – Прилеп, во близина на кружниот тек за селото Тополчани, во средата, полициски службеници запреле и извршиле преглед на автомобил „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки во кој осомничениот неовластено пренесувал две патни торби. Во внатрешноста на торбите се наоѓале вкупно 35 најлонски пакувања наркотичната дрога марихуана. Вкупната тежина на дрогата откриена во багажниот простор на автомобилот изнесува 32,575 килограми.

Битолското Јавно обвинителство донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице  осомничено за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

– Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе и повеќе дејства за откривање на лицето/лицата од кои осомничениот ја набавил наркотичната дрога, како и на потенцијални сведоци во врска со извршеното недозволено пренесување. Поради опасноста, осомничениот 36-годишник од Прилеп да се обиде да прикрие или да уништи определени докази и да влијае врз сведоците, како и поради ризикот од бегство и можноста да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави и предлог за определување мерка притвор, информираат од битолското Обвинителство.

ИЗДВОЕНИ