среда, јануари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Откриени 150 кг марихуана во возило товарено на шлеп служба, притворени тројца

Откриени 150 кг марихуана во возило товарено на шлеп служба, притворени тројца

32

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против три лица осомничени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Според обвинителството, двајца од осомничените набавиле марихуана и ја сместиле во патничко возило со странски таблички, купено за таа намена, по што ангажирале трето лице да го транспортира со шлеп служба од Струга до Свети Николе.

Акцијата била реализирана на 26 јануари, кога околу 22:30 часот полицијата ги запрела возилата во околината на Свети Николе и при претрес пронашла осум торби со 50 пакувања марихуана со вкупна тежина од 150 килограми. На тројцата осомничени им е определен притвор по предлог на јавниот обвинител.

Во друга полициска акција, на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, бил уапсен Ј.К.(43) од Германија. При преглед на комбе „рено“ со германски таблички, извршен во координација со ФРОНТЕКС, биле пронајдени и одземени кафеава грутчеста материја и марихуана. Лицето е предадено на СВР Куманово за понатамошна постапка.

ИЗДВОЕНИ