Во алеата на писателите, во паркoт Бундек во Загреб, на 11 Октомври, Денот на македонското востание, со посебни чувства и гордост е откриена спомен-биста на големиот Блаже Конески – темелникот на современиот македонски литературен јазик, творец и симбол на македонскиот духовен и културен идентитет. Бистата,  изработена од хрватскиот академски скулптор Адриан Марок. ја открија Иринка Ангелова Попржан, претседателка на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб и македонскиот амбасадор во Хрватска Драган Дачо Ѓурчевски.

– Честа да ја откријам бистата ја чувствувам како искрен знак на почит кон делото на Блаже Конески, но и како потврда на присуството на македонскиот збор и култура овде, во пријателска Хрватска, – изјави македонскиот амбасадор Драган Дачо Ѓурчевски.

Особена симболика носи фактот што овој настан се одржа токму на 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ, датум што го означува почетокот на борбата за негова слобода, достоинство и државност.

Со овој свечен настан во годината кога се одбележуваат 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик,,беше изразена почит кон идеалите на великанот кој имал јасна визија за македонскиот јазик, идентитет и култура и кој придонеле за слобода, независност и суверенитет на македонската држава.

Настанот беше во организација на Советот на македонското национално малцинство за град Загреб.

 

ИЗДВОЕНИ