Причината за несреќата со жичницата во Лисабон во која загинаа 16 лица е пукање на сајлата што ги поврзува два вагона, што довело до губење на контролата и катастрофален пад, се наведува во извештајот на Канцеларијата за спречување и истрага на воздушни и железнички несреќи на Португалија.
Се забележува дека сајлата била скината е скината откако кабините поминале само околу шест метри, објавува Sky News.
Кочничарот веднаш ги активирал воздушните и рачните сопирачки, но тоа не успеало да го запре возилото, кое забрзало до околу 60 км/ч и на крајот излетало од шините.
Истрагата го покренала прашањето за одржување на опремата, но според достапните податоци, проверката и одржувањето на жичницата биле редовни и ажурирани.
На денот на несреќата, извршен е закажан визуелен преглед, но делот од кабелот каде што се случил прекинот не бил видлив без расклопување на уредот.
Инцидентот се случи во среда околу 18 часот, кога горниот вагон се урна надолу пред да излета од шините и да удри во зграда на 30 метри од дното на шината.
Жичницата Глорија, национален споменик од 1914 година, го поврзува плоштадот Рестаурадорес во центарот на Лисабон со платформата за набљудување во областа Баиро Алто.
Патувањето е кратко, само 265 метри, трае околу три минути и е една од омилените атракции за туристите.