
Прелиминарната истрага за падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 260 лица во Индија минатиот месец покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за исклучување на горивото во моторот на авионот речиси истовремено се префрлиле од „работи“ на „исклучено“, што предизвикало моторите да останат без гориво.
Боингот 787 Дримлајнер веднаш почнал да губи потисок и да тоне, според извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи, објави Ројтерс.
На снимката од црната кутија од пилотската кабина, може да се слушне како едниот пилот го прашува другиот зошто го исклучил горивото, додека другиот пилот одговара дека не го сторил тоа, се вели во извештајот.
Индиското биро за истрага на авионски несреќи соопшти дека во оваа фаза од истрагата нема препорачани мерки за операторите и производителите на Боинг 787-8 и моторот GE GEnx-1B.
Авионот полетал на 12 јуни за Лондон од индискиот град Ахмедабад, а сите освен еден од 242 патници во авионот загинале во несреќата.
Во авионот што се урна во Индија имало повеќе од 200 лица.