Нова фишинг кампања насочена кон корисниците на WhatsApp би можела да доведе до кражба на профили преку лажна шема за гласање.
Нападот ги мами жртвите со страница за гласање на која наводно се појавуваат млади спортисти, но се користат и други теми за гласање, соопшти Касперски.
Како што е наведено, методот може лесно да се прилагоди на различни сценарија, а крајната цел на напаѓачите е да ги преземат профилите на WhatsApp.