Откриена царинска измама со додатоци на храна во изнoс од 622 илјади денари

22

Царинската управа откри обид за царинска измама поврзана со увоз на додатоци на храна, при што е спречено неплаќање давачки во вкупен износ од 622.000 денари.

– Поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело царинска измама со увоз на додатоци за исхрана за увозник, шпедиции и за лиценцирани застапници, кои со ваквото дело го оштетиле буџетот на државата за 622.492 денари. Станува збор за увоз извршен во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кој осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, ја пријавувале стоката во погрешна тарифна ознака, со пониски царински давачки – соопшти Царинската управа.

Делото, како што е наведено во соопштението, е откриено при контроли извршени од инспекторите од Одделението за контрола на трговски друштва, по што случајот му е предаден на Одделението за истраги, од каде што против сторителите е поднесена кривична пријава до надлежното јавно обвинителство, а воедно донесени и се решенија за дополнителна наплата.

Од Царинската управа велат дека ќе продолжат со мерките за заштита на финансиските интереси на државата и за обезбедување фер конкурентност на пазарот

ИЗДВОЕНИ