Откажани летови, блокирани патишта: Грција погодена од бран протести на земјоделците

183
EPA/NIKOS CHALKIADAKIS

Аеродромот „Н. Казанѕакис“ во Ираклион повторно е затворен поради протести на земјоделците, пчеларите и рибарите од Ираклион, Ласити и Ретимно, јавува грчката државна телевизија ЕРТ.

Летовите од Ираклион и Атина се откажани поради блокадата, а нормализацијата на сообраќајот се очекува да започне најрано денес во 11 часот по локално време, кога Координативниот комитет ќе одлучи за понатамошните чекори, објавува „Катимерини“.

Протестите се интензивираа вчера откако демонстрантите влегоа на аеродромската писта напладне, што доведе до прекин на летовите до 18 часот.

Покрај аеродромот во Ираклион, вчера беа пријавени тензии и на други аеродроми на Крит, како и пред канцеларијата на министерот за рурален развој Костас Цијарас во Кардица.

Земјоделците бараат итна исплата на субвенциите, намалување на трошоците за добиточна храна, минимални гарантирани цени на производите и промени во прописите на ELGA.

Министерот за рурален развој изјави дека е подготвен за дијалог, но формирањето на преговарачка група е попречено од различните ставови во рамките на движењето.

Протестите се шират низ целата земја – Во Западна Тесалија има блокади на автопатот Е65 и наплатната рампа Лонгос, а митинг на солидарност е планиран за четврток во 18 часот.

ИЗДВОЕНИ