вторник, февруари 3, 2026
Дома СВЕТ Откажани 40 отсто од летовите поради дефект на аеродромот Орли во Париз

Откажани 40 отсто од летовите поради дефект на аеродромот Орли во Париз

88

Дефект на системите за контрола на летање во контролната кула на парискиот аеродром Орли доведе до сообраќаен метеж и откажување на 40 отсто од летовите во попладневните часови, пишува „Фигаро“.

„Воведени се прописи за воздушниот сообраќај, што доведе до значително намалување на бројот на летови“, се вели во соопштението на француската Генерална дирекција за цивилна авијација (DGAC).

Поточно, DGAC побара од авиокомпаниите „да го намалат бројот на летови за 40 проценти“ на аеродромот Париз-Орли во остатокот од денот.

ИЗДВОЕНИ