Кина ги кани странските студенти со „безусловни понуди“ откако Трамп им забрани да студираат на Харвард.
Одлуката на Трамп, која федерален судија во петокот привремено ја блокираше и закажа рочиште за 29 мај, значи крај на студиите на Харвард и за околу 1.300 кинески студенти, кои сочинуваат околу една петтина од вкупниот број на меѓународни студенти на Харвард.
Секретарката за образование на Хонгконг, Кристин Чој, ги повика универзитетите во финансискиот центар да ги прифатат „извонредните студенти од целиот свет“.
-За меѓународните студенти погодени од политиките на САД за прием на студенти, Бирото за образование упати апел до сите универзитети во Хонгконг да понудат олеснувачки мерки за квалификуваните студенти, изјави Чој во соопштение.
Хонгконг, град со 7,5 милиони жители, има пет универзитети кои се меѓу првите 100 според Светската ранг-листа на универзитети на Тјмс хајр едукејшн.