Откако пораѓањето ѝ започна за време на пренос во живо: Американска водителка продолжи да ја води емисијата уште три часа/видео

224
Фото:принтскрин

Водителка на вести на американската локална ТВ станица Оливија Јаквит стана глобално позната откако пораѓањето ѝ започна во утринска емисија во живо.

Оливија продолжила со тричасовните утрински вести дури и откако ѝ почнале породилчните болки и ѝ пукнал воденикот, известувајќи ги гледачите за претстојното раѓање на своето прво дете Квинси.

„Имаме некои ударни вести утрово-буквално“, рече суводителката Џулија Дан на почетокот на емисијата на „Си-би-ес 6“ во средата утрото“, на Оливија ѝ пукна воденикот и таа сега води вести во активно пораѓање“.

Јаквит останала вклучена и додека Дан ја продолжила емисијата во живо на Фејсбук.

„Среќна сум што сум овде и ќе останам колку што можам„, но ако исчезнам, се случува“, изјавила таа во текот на јавувањето.

Јаквит можела да си замине дома, но за „Тајмс-Унион„ изјавила дека одлучила времето да го помине на работа наместо „нервозно да чека во болница“:

„Тоа што целиот тим на утринската програма беше покрај мене и се шегуваше многу ми помогна полесно да ги поминам контракциите“; изјави во порака за весникот.

Таа додаде и дека била убедена дека не се пораѓа и дека тоа се само лажни контракции: „И не можев баш да ги објаснам излевањата на течност“.

По вестите, Оливија и нејзиниот сопруг заминале во болница. По помалку од 24 часа подоцна, пристигна бебето Квинси, пренесува Klix.ba.

ИЗДВОЕНИ