Откако го чекаше Путин на закажана средба 40 минути – премиерот на Пакистан се одлучи на неочекуван потег/видео

317

Нeочекуван потег од понижениот пакистански премиер го одбележа меѓународниот форум во Туркменистан.

На меѓународниот форум во Туркменистан, по повод 30-годишнината од трајната неутралност на земјата на 12 декември, пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф требаше да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин на маргините на настанот.

Но, планот за средбата доби неочекуван пресврт.

Според видеото објавено од „РТ Индија“, откако чекаше 40 минути во соседната соба со министерот за надворешни работи Ишак Дар, Шариф одлучи да влезе во просторијата каде што Путин разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со надеж дека ќе обезбеди барем кратка интеракција, бидејќи неговата планирана билатерална средба со рускиот лидер беше одложена, објави ndtv.com.

Ова видео брзо се прошири низ интернетот, со бројни потсмешливи коментари за пакистанскиот премиер, но и критики кон Путин, бидејќи рускиот владетел е познат по својата склоност да ги држи своите соговорници и гостите на Кремљ да чекаат на договорена средба, дури и по неколку часа.

ИЗДВОЕНИ