За приготвувањето на овој колач е доволно само да ги измешајте состојките, да промешате со шпатула и да го испечете. Ова е најбрзиот посен колач на светот. Никогаш поубаво и полесно уживање за време на пост.
Најбрзо приготвениот посен колач ќе ве освои уште при првото залаче. Се прави едноставно и брзо, а уште побрзо исчезнува од чинијата.
Најголемото изненадување ќе ви биде колку едноставно и брзо се подготвува. Ќе ве освои уште при првото залаче.
Состојки:
1 чаша шеќер
3 шолји брашно
1 кесичка прашок за печиво
1/2 чаша масло
1,5 шолји вода
2-3 лажици џем по ваш избор
цимет по ваш избор
чоколадна глазура по ваш избор
Подготовка:
Загрејте ја рерната. Измешајте ги сите состојки и промешајте со шпатула.
Истурете во намастен плех за печење и печете на 200 степени околу 20 минути.
Намачкајте го колачот со џем и одозгора прелејте го со чоколадо по желба, и најбрзиот посен колач е готов.












