EPA/DANIEL DAL ZENNARO

Американката Микаела Шифрин е повторно олимписки победник. Неверојатната Американка си замина со златен медал по осум долги години без вакво одличје од најголемиот спортски настана  и болен пад на претходните Олимписки игри во  Пекинг. Шифрин го осови златниот медал во слалом на Зимските олимписки игри во Кортина, а ова за неа е трето олимписко злато, најмногу во историјата на алпското скијање на САД.

„Успеав, и покрај стравот, адреналинот и потенцијалните критики од луѓе кои не знаат ништо и дури и не се обидуваат да разберат – напиша Микаела Шифрин, по победата.

Таа доминираше на патеката Олимпија дела Тофане на начин што ретко се гледа. Веќе по првото возење, таа создаде огромна предност од 0,82 секунди пред Германката Лена Дуер, а потоа во второто возење само потврди зошто е најдобрата скијачка на сите времиња со 108 победи во Светскиот куп.

Нејзината вкупна разлика од 1,50 секунди пред сребрената медалистка Камил Раст од Швајцарија е најголемата разлика во победата на олимписка трка од 1998 година.

ИЗДВОЕНИ