Осветување на црквата „Свети Константин и Елена“

137

Со удар на црковното ѕвоно, денеска во 8:30 часот започна свеченоста на посветување на црквата „Свети Константин и Елена“ во срцето на Скопје.

Пред мноштво народ, религиозни лица, високи владини претставници, парламентарци, делегати од политички партии и од дипломатскиот кор кои беа присутни на овој важен настан, прво беше испеана „достојно ест“ од страна на свештените лица, по што продолжи церемонијата.

Осветувањето го изврши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со многубројни владици од МПЦ-ОА. Верниците се собраа пред и во црквата уште пред 8 часот наутро.

Посветувањето го следеа и голем број верници надвор од храмот каде беше поставен голем видео бим. Изградбата на црквата започна во 2012 година и траеше 13 години.

Активностите беа засилени во 2024 година со што беа завршени внатрешното уредување, фасадата и околината.

Фото: (Ѕ.П.)

ИЗДВОЕНИ