Осветлени надвозниците „Дијамант“ и „Маџари“

29

За поголема видливост и безбедност за сите учесници во сообраќајот, осветлени се надвозниците „Дијамант“ и „Маџари“, клучни точки на влезот во главниот град.

Од Град Скопје соопштија дека со оваа интервенција, покрај зголемената безбедност, се обезбедува и поуреден, модерен и естетски изглед, достоен за градот што ги пречекува своите граѓани и посетители.

– Со истата посветеност продолжуваме и во иднина, систематски да ги уредуваме и осветлуваме сите мостови и надвозници низ Скопје, создавајќи побезбедна сообраќајна инфраструктура и поквалитетен урбан амбиент – потенцираат градските власти.

ИЗДВОЕНИ