Во пожарот во „Макпрогрес“ повредени се 18 лица, дел се задржани во болницата во Кочани, шестмина се препратени во Скопје

197

Вкупно осумнаесет лица се примени синоќа во кочанската Општа болница со повреди здобиени во пожарот што избувна вчера доцна попладне во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница. Дел се задржани во Кочани, дел од нив се препратени на клиниките во Скопје, но сите се во стабилна состојба, изјави за МИА Оливера Цимбаљевиќ, анестезиолог, раководител на одделението за анестезиологија и реанимација во кочанската Општа болница.

„Петмина од нив се наоѓаат на хирургија, од нив четворица се со изгореници на нозете од прв и втор степен. Петтиот што е задржан на хируруршкото одделение е со инхалациони (токсиколошки) повреди. Други петмина повредени во пожарот во ‘Макпрогрес’ се згрижени на интерното одделение во Општата болница во Кочани. Сите се со инхалациски повреди (вдишување чад), односно со токсиколошки наод. Шест други лица веднаш се препратени на клиника во Скопје, сите затруени со чад од огнот. Преостанатите заминале после укажаната лекарска интервенција“, вели д-р. Цимбаљевиќ.

Таа не можеше да прецизира колку од нив се пожарникари, а колку се вработени во „Макпрогрес“.

Пожарот во фабриката за кандирани производи и вафли во Виница избувна вчеравечер во 18,40 часот, во магацините и во производствените погони  6, 7 и 8, а во неговото гаснење покрај од ТППЕ на Виница беа вклучени и противпожарните единици од повеќе соседни општини.

ИЗДВОЕНИ