Осумкратната олимписка шампионка во пливање, Аријана Титмус, се пензионираше на само 25 години, велејќи дека „чувствува дека е вистинско време“ за пензија.
- Тешка одлука, но навистина сум среќна што ја донесов. Отсекогаш сум го сакала пливањето, тоа ми е страст уште од дете, напиша Титмус на „Инстаграм“.
Титмус направи пауза по Олимписките игри во Париз минатата година, за време на која таа изјави „некои работи во животот што отсекогаш ми биле важни, сега станаа уште поважни од самото пливање“.
Светската рекордерка на 200 метри слободно ја завршува својата кариера со 32 меѓународни медали, вклучувајќи осум олимписки медали.
Пред ОИ во Париз, Титмус беше подложена на операција за отстранување на тумор на јајчниците, што го спомена во објава, велејќи дека се соочила со здравствени предизвици кои „ментално ја потресле“.